25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казни за 251 возачи во Скопје, 136 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 136 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, десет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас.

Според најавите сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.