Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонска Каменица: Во тешка сообраќајка загина младо момче, полицијата соопшти детали

На 18.06.2023 околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.

Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +