Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВОНРЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидете внимателни – Зголемен водостој на локални реки и реката Вардар

Прво, ЦУК предупредува на внимателност при движење покрај речните корита и поројните суводолици особено во реони на поројните поплавувања, а и на територијата на , држава, каде што ќе има поројни локални дождови, бидејќи се очекуваат локални кратки, но, поројни дождови.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) презема превентивни и координативни мерки утрово по информацијата од УХМР за зголемен водостој на локални реки и реката Вардар.

Конкретно беше известено дека заради зголемен водостој на реката Вардар во горниот дел од текот, на сливовите со одредени притоки, се можни излевања во Полошката Котлина, Тетовски-Гостиварскиот регион, потоа во сливот на Река Лакавица и на други критични места во горниот дел од сливот на реката Вардар. Во тој контекст, како што повисокото ниво на реката – „полавниот бран“, се движипо ечението се очекува и висок водостој на реката Вардар во Скопје, а секако потоа и низводно во Велешкиот регион во текот на денот.

ЦУК преку Секторот за операции и координација презема превентивни и координативни мерки утрово со зголемување на готовноста за информирање и дејствување со субјектите за управување со кризи при можни елементарни локални непогоди во Скопско, Велешко, Кумановско, а и други региони што се реализира и преку другите регионални центари за управување со кризи во државата

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК