Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Охрид – Струга, се судрија автобус и автомобил

На 16.06.2023 околу 15.20 часот било пријавено дека во Струга, на регионален пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +