Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Тече акцијата за пролетно чистење на паркиралиштата во Центар

Служибте од ЈП „ПОЦ“ задолжени за одржување на хигиената на терторија на Општина Центар спроведуваат акција за расчистување на улиците и јавните површини во општината.

„Во тек е пролетното уредување и детално чистење на сите паркиралишта. Деновиве од отворениот простор на паркингот кај Домот на Армијата беа отстранети стари и искршени клупи, прозори, стакла и друг отпад кои ја грдеа сликата пред влезовите на зградите“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во акцијата вработените од ЈП „ПОЦ“ на повеќе локации го расчистуваат сметот, а по обилното миење со цистерната граѓаните добиваат чист и слободен простор за паркирање, без препреки.

Акцијата за расчистување на јавните површини ќе продолжи и во наредните денови и на други локации во општината.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК