18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ЗДРАВЈЕ

Кој не треба да јаде цреши: Доколку го имате овој здравствен проблем, мора да ги избегнувате

Црешите се многу вкусни и можат да се консумираат во многу различни комбинации. Покрај тоа, тие се многу корисни за имунитетот и содржат голем број на витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни која количина всушност е дозволена да се консумира на дневна основа.

Црешите содржат многу витамини Ц и бета-каротин, витамини Б6 и К, фолна киселина, минерали калиум, железо, бакар, манган, калциум, магнезиум, фосфор, цинк и кобалт. Богати се со растителни влакна, кои помагаат за подобро варење, додека присуството на целулоза го регулира варењето.

Потемните плодови се поздрави, бидејќи имаат поголема концентрација на антоцијани и имаат поголемо антианемично дејство. Тие содржат мелатонин кој помага при релаксација.

Пред да ги конзумирате, потребно е добро да ги измиете под ладна вода.

Идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми, па луѓето кои веќе имаат проблеми со тоа треба да внимаваат колку јадат. Препораката е една шака дневно.

Спонзорирано: