Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во 64-годишен маж во Охрид, тешко повреден пренесен во болница

Повреден 64-годишен охриѓанец откако во него удрил автомобил во Охрид.

„На 15.06.2023 во 21.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата помеѓу бул.„Македонски просветители“ и ул.„Даме Груев“ во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено“ со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид“ соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК