Centar.mk
ЛОКАЛНО

Арсовска во Шуто Оризари: Граѓаните ќе добијат нова патна инфраструктура

Градоначалничката Данела Арсовска, денес изврши увид на текот на градежните работи на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.

„По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, започнаa со градежни активности за реконструкција на улицата 38, во општина Шуто Оризари во должина од 450 метри на површина од 1800 метри квадратни. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот“, изјави Арсовска преку соопштение.

Како што вели таа, сограѓаните заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања.

„Главната цел на тековните градски градежни активности е во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел“, додава Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК