6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
МАКЕДОНИЈА

Богоев: Се бориме против корупцијата во Царина, не може неколкумина да ги загрозуваат професионалците

Главен фокус во работата на новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев ќе биде усогласување со европските процедури и борбата против корупцијата и шверцот. Така, како што рече Богоев во гостувањето на ТВ24, ќе се помогне и на бизнисот и на граѓаните и на државата.

-Високи професионалци од Царината работеле и досега на темата за олеснување на процедурите, а главен фокус ми е сорабтка со соседите од Отворен Балкан, како и за подготвеноста за поглавјето 29 со Европската Унија, бидејќи треба да се усогласиме со нивните процедури, кои ќе овоможат слободен проток на стоките. Со Отворен Балкан и со усогласувањето очекувам придонен да има за бизнисот, преку намалување на директните трошоци, но и индиректните, како што е намалување на времето за чекање, кажа Богоев.

Тој порача дека бизнис заедницата ќе има партнер во Царината и нејзините службеници.

-Она за што ќе се залагам е и сериозна борба против шверцот и корупцијата во Царината. Така државата губи пари, а вториот аспект е што неколкумина вработени во Царината кои се можеби корумпирани, фрлаат дамка на сите оние професионалци кои работат во Царинската управа. Со сузбивањето на корупцијата и шверцот верувам дека тоа ќе го направиме. Исто така потребна е и јавната кампања и транспарентноста во работењето, пред се заради довербата кај граѓаните, истакна Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава

ДЕСК

ПОВТОРНО ДОАЃА ТОПЛОТЕН БРАН: Температурите ќе достигнат до речиси 40 степени, а синоптичарите објавија ажурирана четиридневна прогноза

ДЕСК

Вчера претрес во Кисела Вода запленет кокаин

ДЕСК