Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ, рече Мусар

Патот кон ЕУ не е лесен и Словенија се соочи со тие процеси, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката прес-конференција со претседателот Пендаровски.

„Да потенцирам, Словенија го помина тој процес и не ни беше лесно. И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ и тогаш во мојата татковина се слушаше дека тоа не е добро за словенечкиот народ, дека го загубиме словенечкиот јазик“, изјави Пирц Мусар, која денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Таа изрази надеж дека политичарите во Македонија ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени, кои се услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и отворање на преговорите.

Можеби ќе ве интересира

ПОВРЕДЕН 62-ГОДИШНИК ПРИ РАБОТА ВО КИСЕЛА ВОДА – Известен е трудов инспектор

ДЕСК

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ НАПАД ВО КИСЕЛА ВОДА – Го нападнале две лица што ги познавал

ДЕСК

ТАТКО ПРИЈАВИЛ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА – Ги посочил нејзиниот партнер и неговата мајка

ДЕСК