Centar.mk
БИЗНИС

До 31 август „ЕСМ снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи

До 31 август 2023 година „ЕСМ снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи.

„Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење почнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи, кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење“, велат од таму.

Акцијата за бесплатно приклучување важи до 31 август 2023 година и ќе биде спроведена по принципот прв пријавен, прв услужен. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите што се приклучени на централниот систем за греење и каде што има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

Заинтересираните потрошувачи за сите неопходни информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачите на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на „ЕСМ снабдување со топлина“.

По завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост во согласност со важечкиот ценовник.

„Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање вода од системот за централно греење, како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа во согласност со ценовникот за сервисни услуги“, се додава во соопштението од „ЕСМ снабдување со топлина“.

Можеби ќе ве интересира

Во државава е поевтино да се облечеш, отколку да се храниш

C +

Ќе поскапат ли горивата – Се токмат нови цени на бензинот и дизелот

ДЕСК

Пензионерите ќе се офајдат со нови 1000 денари линеарно покачување, но дури во март 2026 – социјалните трансфери во буџетот најголема ставка

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.