Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади цигари

Денес, во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим-полиција при Министерството за внатрешни работи, во Тетово кај едно лице биле пронајдени и запленети 120 килограми режен тутун за пушење и 19.000 цигари, без акцизни маркички.

Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќањето акцизни давачки, велат од Царнската управа.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК