Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Реномираниот македонски уметник Атанас Ботев успешно се претстави во КИЦ – Тирана

Македонскиот КИЦ во Тирана, на 6 јуни, за првпат пред тиранската публика го претстави сликарот Атанас Ботев со неговите дела.

„Топла јунска ноќ, извонредна поставка и прекрасна публика. Неговите халуцинантни слики со длабока содржина, беа голема провокација за љубителите на уметноста во Тирана. Многумина констатираа дека се работи за уметност која е сосем нова и оригинална. Во убава атмосфера, само од себе се разви прекрасен разговор за сликите на Атанас Ботев и каде треба да оди денешната нова уметност“, информираше Златко Ориѓански, директор на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.

Атанас Ботев е реномиран македонски ликовен уметник, кој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн), каде и магистрирал. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје. Твори во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс. Реализирал бројни самостојни и групни изложби дома и во странство, а добитник е на повеќе награди.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК