Centar.mk
КУЛТУРА

Костадиновска: Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за употребата на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање

Фејсбук статус на Бисера Костадиновска:

Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за употребата на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање.

🔶Со новиот закон за употреба на македонскиот јазик даваме придонес во заштитата на нашата посебност и идентитет
Министерството за култура со Советот за македонски јазик, пристапија кон изготвување нов закон за употреба на македонскиот јазик имајќи предвид дека, и покрај тоа што актуелниот Закон има позитивни ефекти во подигањето на јазичната култура во државата, во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

🔶Пратениците се согласија дека станува збор за квалитетен Предлог-закон, а забелешките кои се главно од техничка природа, во второто читање ќе ги надминеме амандмански.

Можеби ќе ве интересира

Книжевно-уметничка средба во рамки на проектот „Читај ја Македонија!“ на Олга Панкина (4 јуни 2026, Центар за словенски култури, Москва)

ДЕСК

Промоција на новиот роман „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски

ДЕСК

Култниот MTV Unplugged концерт на Нирвана добива нов живот на сцената на Драмски театар

ДЕСК