Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во пресрет на лидерската средба: Нема промена на Уставот под бугарски диктат

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на одржувањето на лидерската средба го реафирмира ставот за неотварање на Уставот на Македонија, а со цел уставни измени.

Според нив, уставните измени, кои ги прифаќа македонската Влада, предводена од СДСМ и ДУИ, се производ на диктат и услови што не се прифатливи за македонските граѓани.

„Апелираме до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.

Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на суверенот – граѓаните.

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со овој став упатува раководството на партијата, сите политички претставници на коалицијата „За обнова на Македонија“ и претседателот на партијата, проф. д-р Христијан Мицкоски, на претстојната лидерска средба да ги реафирмира ставовите за неприфаќање на уставните измени и да се почитуваат интересите на граѓаните“, се вели во нивното соопштение.

Додаваат дека македонските граѓани отсекогаш силно ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат европската интеграција на државата, но тоа не треба да прерасне во понижувачки процес за прифаќање диктати, туку процес за прифаќање и почитување вредности.

„Оттука, како пратеничка група на коалицијата ‘За обнова на Македонија’, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бараме во името на огромното мнозинство македонски граѓани фер шанса, иста каква што ја имаа другите народи и држави од Централна и Источна Европа кога пристапуваа кон Европската Унија“, се истакнува во информацијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +