Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје – млад арачиновец итно пренесен во болница, а потоа ќе оди во затвор

На 29.05.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

ДЕСК

СУДИР НА ДВА АВТОМОБИЛА: Повредени во несреќа на патот Гостивар – Градец

ДЕСК

Полицијата му упадна дома – при претреси пронајдени документи поврзани со криивчно дело

ДЕСК