Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи- Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски во рамки на ГлобСек во Братислава.

Честитајќи му на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи, Османи изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе се залагаат за забрзана динамика при процесот на проширување на ЕУ, особено во сегашниот временски контекст кога безбедносната архитектура во Европа е доведена пред огромен предизвик.

„Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции. Воедно, веруваме дека Словачка ќе даде поддршка за концептот на забрзана интеграција и ќе го поддржи процесот со цел истиот да биде покредибилен,а нашите граѓани порано да ги почувствуваат краткорочните привремени чекори”, истакна Османи.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК