Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски ќе учествува на безбедносниот форум „Глобсек 2023“ во Братислава

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска и утре, ќе учествува на глобалниот безбедносен форум „Глобсек 2023“ во Братислава.

На форумот учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации.

Ковачевски ќе се обрати на панел-сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“. На панелот во фокус на дискусиите ќе бидат регионалната соработка, интеграцијата на регионот во ЕУ и предизвиците за Европа од војната во Украина.

Во рамките на агендата премиерот ќе одржи билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со специјалниот претставник на ЕУ задолжен за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

Безбедносниот форум „Глобсек“ е етаблиран како најистакната платформа во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Годинешното 18. издание на форумот има цел да го потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.

Во фокус на дискусиите на претстојниот форум учесниците ќе се фокусираат на три теми, и тоа: натамошната поддршка за Украина, отпорноста на Европа наспроти војната, како и ублажувањето на глобалните последици од конфликтот преку зајакнување на економските и енергетските врски.

На маргините на форумот премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби и разговори со учесници на форумот.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК