Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж и жена завршија во болница, ги прегази автомобил во Струга

Двајца пешаци се прегазени вчера од автомобил во Струга на улицата Партизанска.

Според информациите од полицијата, патничко моторно возило “мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.Б.(55) од с.Лабуништа-струшко удрило во М.Ч.(54) и С.З.Ч.(53) двајцата од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ч., а со телесни повреди се здобила С.З.Ч., констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес ја стресе Македонија

ДЕСК

Соседска расправија што ескалираше: Напад со тврд предмет во Скопје

ДЕСК

Немирна вечер во Скопје: Расправија заврши со насилство

ДЕСК