Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тешка сообраќајка во битола: Се судрија три возила, има повредени

На 25.05.2023 во 07.37 часот било пријавено дека во Битола, на ул.„Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа: „шкода“, управувана од Б.Ј.(18) од Битола, „опел“, управуван од В.Г.(67) од с.Крклино, битолско и „ауди“, управувано од Т.К.(45) од Битола.

Во несреќата, возачот Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола, сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“, Н.Н.(44) од с.Живојно, битолско и З.С.(54) од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК