Centar.mk
БИЗНИС

Тајван во рецесија

Економијата на Тајван падна во рецесија, покажа денеска статистиката, одразувајќи ја слабата странска побарувачка во услови на повисоки трошоци за задолжување и зголемени тензии во односите меѓу САД и Кина.

Во првите три месеци од оваа година БДП на Тајван е намален за 2,87 отсто во споредба со истиот период минатата година, објавија статистичарите, што е најлош резултат од 2009 година.

„Иако стапката на економски раст беше негативна, домашната побарувачка беше доста добра“, изјави за новинарите Цаи Хунг-кун, заменик директор на агенцијата за статистика, нагласувајќи дека стапката на невработеност е на најниско ниво во повеќе од 20 години.

Економијата на Тајван сега е во рецесија, бидејќи активноста се намалува два последователни квартали, а гувернерот на централната банка предупреди оваа недела дека може да закрепне до четвртиот квартал.

Годинава БДП треба да порасне за 2,04 отсто, пресмета статистичката агенција. Тие прогнозираат и дека извозот годинава ќе се намали за 7,27 отсто, откако странската побарувачка се намали во април осми месец по ред.

Можеби ќе ве интересира

Во маркетите цената на маслото, јајцата, сувомеснатите производи растат – литар масло повторно стигна околу 100 денари за литар

ДЕСК

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

ДЕСК

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“ со заедничка волонтерска активност на повеќе од 100 присутни, донација и панел-дискусија

ДЕСК