Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Османи-Курти: Регионалната соработка е клучна алка во зајакнување на безбедноста

Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина.

Османи за време на средбата со косовскиот премиер ја потенцираше поддршката од страна на ОБСЕ во насока на креирањето и спроведување на реформите во Косово.

„ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува судските и изборните реформи на Косово, вклучително и измените на изборниот законик, а Косово треба целосно да ја искористи експертизата и ресурсите на Мисијата на ОБСЕ за да го унапреди спроведувањето на реформите, но и да ги зајакне меѓуетничките односи и безбедноста“, нагласи Османи.

Тема на разговор на денешната средба беше и заштитата на културното и верското наследство кое е клучно за почитување на правата на заедниците, како и поддршката на ОБСЕ за дијалогот предводен од ЕУ.

„Дијалогот предводен од ЕУ има вистински потенцијал да придонесе за безбедноста и стабилноста во регионот, но мора да се потпираме и на регионалните соработки кои се клучна алка во таа насока. Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион“, потенцираше Османи.

Во фокусот на разговорите беа и младите, за кои Османи рече дека ќе бидат клучни во спроведувањето и одржувањето на регионалните приоритети на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, а кои се однесуваат на помирување и градење доверба, антикорупција и климатски промени.

На средбата беа поздравени и одличните билатерални односи кои ги негуваат Северна Македонија и Косово, како и значајните резултати кои Мисијата на ОБСЕ во Косово ги остварува во насока на долгорочна поддршка за земјата за решавање на сите горливите прашања.

Османи и Курти ја посетија и Академијата за јавна безбедност каде се сретнаа со полициските кадети од не мнозинските заедници.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе