Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски против уставни измени за албанскиот јазик: Македонија не треба да биде бинационална држава

Јас сум против тоа Македонија да биде дефинирана како бинационална држава. Официјален јазик е македонскиот и има причина зошто за време на Рамковниот договор е дефиниран прагот 20 проценти, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прашан за коментар за тврдењето на лидерот на Алијансата, Арбен Таравари дека додека разговарале, Мицкоски се согласил за замена на дефиницијата 20 проценти, со албанскиот јазик во Уставот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги демантира таквите тврдења.

„Го демантирам Таравари. Не сме разговарале на оваа тема, односно сме разговарале како дел од повеќе теми. Сме разговарале за бадентер. До кога ќе живееме во општетство каде што малцинството ќе го владее мнозинството? Понатаму сме разговарале за правилото балансер. Тоа било поширок разговор за многу теми. До кога етничката припадност ќе е професија. Дали сакаме општетство каде што ќе се цени квалитетот. Да разговараме за општество каде работа ќе добиваат луѓето затоа што се квалитетни, а не оти се дел од некаков балансер. Ако сака некој да продолжиме да живееме во апархејд каде фрустрацијата на мнозинската заедница ќе биде се’ поголема и поголема, за тоа не можам да разговарам“, рече Мицкоски.

Како што додаде терминот „20 проценти“ во Уставот им овозможува и на другите заедници во Македонија да го користат својот јазик во општините во кои надминуваат 20 проценти, како што е бошњачката, српската, турската и ромската заедница.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +