Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Анета Крстевска: Родовата финансиска инклузија помага да се мобилизира расположливиот развоен потенцијал на економијата

„Првата национална стратегија за финансиска едукација и инклузија 2021 ‒ 2025, донесена од Народната банка заедно со другите финансиски регулатори, ги открива јазовите во финансиската едукација и инклузија од различни аспекти, а меѓу нив и родовиот јаз. Воедно предвидува и мерки за справување со нив“, истакна главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, на панел-дискусија во рамките на денешниот настан на којшто беше промовирана студијата на Европската банка за обнова и развој за реформи на инвестициската клима за родова одговорност / респонзивност (GRICA) во Северна Македонија. Според последното мерење на ИНФЕ-ОЕЦД, кaj познавањето на финансиите жените имаат 53%, а мажите 59% од вкупните бодови, со што родовиот јаз изнесува 6 п.п. (наспроти просекот од 4 п.п. во регионот). Поаѓајќи од фактот дека финансиската едукација е еден од предусловите за поголема финансиска инклузија, во Стратегијата е предвидено осмислување посебни обуки за жените претприемачки. Во просек, во периодот 2019 ‒ 2022 година, на едукативните предавања на Народната банка одржани за време на Деновите на финансиска едукација, врз основа на јавен повик до сите заинтересирани лица, преовладува учеството на женската популација со 61%, што секако е во полза на стеснување на родовиот јаз кај познавањето на финансиите и подобро мобилизирање на расположливиот развоен потенцијал на економијата.

Народната банка вложува силни напори за поддршка на родовата еднаквост во светот на финансиите, со промовирање и градење еднакви можности за жените и мажите и создавање инклузивен финансиски систем. Централната банка, според Индексот на родова еднаквост во финансиските институции на Британскиот официјален форум на монетарни и финансиски институции ОМФИФ, е лидер во светот по застапеноста на жените во раководната структура, посветува особено внимание на зголемувањето на финансиската писменост кај жените преку зголемување на нивните знаења и вештини од областа на финансиите. Народната банка веќе располага со одредени податоци за финансиска инклузија според родова структура и ќе работи на натамошно подобрување на статистиките од родов аспект, како основа за носење одлуки, заради обезбедување поповолна деловна клима од родов аспект.

Презентираната студија на ЕБРД содржи анализа на факторите коишто влијаат врз инвестициската клима од родова перспектива, а воедно дава поддршка и насоки за понатамошните реформи со цел инвестициската клима во Северна Македонија да стане родово одговорна.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден… Повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе