Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ковачевски – Сарацин: Силна поддршка од Германија, Македонија треба да е дел од ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој престојува во работна посета на земјата. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјата, Петра Дрекслер.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во нашата држава и за евроинтеграциските процеси и предизвици.

Премиерот Ковачевски ги истакна заложбите на Владата во насока на остварување на стратешката цел – полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија. Специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, ја истакна силната поддршка на Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата држава, како и за следните чекори.

Во таа насока на состанокот се дискутира и за претстојниот процес на носење на уставните измени.

Премиерот Ковачевски потенцира дека Северна Македонија е на патот што води кон напредок и просперитет, а тоа е членство во ЕУ и затоа е неопходна широка поддршка за уставните измени. Тој изрази надеж дека сите политички партии ќе се обединат и ќе работат заедно на реформските процеси за да се овозможи побрзо членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +