Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Украина до Македонија испратила ново барање за воена помош, во моментот се разгледува

Украина до Македонија испратила ново барање за воена помош, кое се разгледува во моментот во Генералштабот.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, рече дека барањето се анализира, а доколку Владата донесе дополнителна одлука за испраќање воена помош, јавноста ќе биде известена.

„Се прави анализа, отворени сме сè додека има потреба од поддршка“, рече Петровска.

Појасни дека станува збор за класифицирано барање, па не може да сподели детали за тоа од какво оружје Украина има потреба. Информациите за помошта, која е веќе испратена и декласифицирана, е објавена јавно, додаде министерката.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК