Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
Македонија

Неколку сообраќајка со мотори низ Македонија, има повредени

На 18.05.2023 вo 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Осло“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(52) од Скопје, удрил во паркирано патничко моторно возило „рено талисман“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(48) од Скопје. По несреќата, Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 17.05.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото. По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

На 17.05.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на патот Гостивар-с.Чегране се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(63) од с.Чегране и мотоцикл „априлиа“ без регистарски ознаки, управуван од малолетник с.Форино. Во несреќата малолетен сопатник на мотоциклот од с.Форино се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе