Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Инфлацијата и натаму ќе се намалува и на среден рок ќе се сведе блиску до историскиот просек

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. Taa нагласи дека се предвидува намалување на инфлацијата во 2023 година, која би изнесувала до 9 %.

„Минатата година просечната инфлација изнесуваше 14,1 %, во целост во согласност со нашата проекција (14,2 %), а и остварувањата од почетокот на оваа година се совпаѓаат со нашата проекција за 2023 година. Имајќи ги предвид досегашните остварувања, како и проекциите на меѓународните финансиски институции за пад/стабилизирање на цените на храната и енергијата, затегнувањето на монетарните услови и другите мерки, се предвидува забавување на инфлацијата, односно таа би се свела на едноцифрено ниво од 8 до 9 % во 2023 година, а потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3 %, како што беше и октомвриската проекција. Со оглед на геополитичките случувања, ризиците за проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки што влијаат на агрегатната побарувачка“, рече Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна дека идната поставеност на монетарната политика ќе зависи од динамиката на инфлацијата и инфлациските очекувања, но и од движењата на девизниот пазар и нивото на девизните резерви.

„Во моментот надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сè, поради падот на цените на енергентите. Ова позитивно се одразува на девизните резерви. Во услови на очекувани солидни текови во финансиската сметка се очекува дека девизните резерви и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот“, изјави гувернерката.

Во текот на презентацијата гувернерката се осврна и на очекувањата за економската активност. Растот на македонската економија во 2023 година се очекува дека ќе изнесува 2,1 % (еднаков со остварениот претходната година) и потоа на среден рок би забрзал на 3,6 % во 2024 година и на 4 % во 2025 година.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе