Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Телефонски разговор Османи- Ал Сауд

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд.

Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски. Воедно, Османи се заблагодари за неодамнешната евакуација од Судан на четири државјани на Северна Македонија, како знак на солидарност и потврда на пријателството меѓу двете земји.

Соговорниците се осврнаа на состојбите во Блискиот Исток, при што Османи ги поздрави континуираните заложби на Саудиска Арабија во насока на постигнување решение на ситуацијата во Јемен.

Воедно, беа разменети мислења и за соработката меѓу двете земји на мултилатерален план, како и за актуелните надворешно-политички прашања и состојби.

Во ноември минатата година Османи оствари прва официјална посета на Саудиска Арабија, каде акцентот беше поставен на презентација на поволностите кои земјава ги нуди за странски инвеститори.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе