Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски ќе учествува на четвртиот самит на Советот на Европа на Исланд

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, утре и задутре, ќе учествува на четвртиот самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд.

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на самитот на кој ќе земат учество претседатели на држави и влади на земји членки на Советот на Европа. Во рамките на самитот, утре, Ковачевски ќе учествува на тркалезна маса, на која ќе се разговара за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици за неа, а на која ќе земат учество и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и премиерите на Грузија, Норвешка, Италија, како и претседатели и министри за надворешни работи на повеќе земји од Европа.

На 17 мај премиерот Ковачевски ќе има свое излагање на генералната дебата на Советот на Европа, која овој пат е на тема „Обединети за Европа“, а каде што се предвидени воедно и воведни обраќања на премиерката на Исланд, Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ, како и претседателот на Парламентарно собрание на Советот на Европа, Тини Кокс.

Планирано е Ковачевски да разговора со повеќе европски лидери.

Во состав на делегацијата што ја предводи премиерот Ковачевски е и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +