Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Борба против корупцијата во регионот на ЈИЕ: Османи најави нова иницијатива на претседателството со ОБСЕ

Водечката иницијатива на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ ќе се фокусира на борбата против корупцијата во регионот на Југоисточна Европа, ова денеска го најави министерот Бујар Османи, при својата посета на Босна и Херцеговина.

Тој рече дека во согласност со приоритетите на претседавањето, ќе се организира и регионален состанок за борба против корупцијата преку зајакнување на позициите на земјите и полесно надминување на состојбите.

„На состанокот што ќе се организира во Скопје во јули, ќе се соберат министри од целиот регион на Југоисточна Европа, а истиот е предвидено да се заврши со потпишување заедничка изјава со која ќе ја потврдиме нашата заедничка определба за зајакнување на одговорот на ова злосторство“, најави Османи денеска во БиХ.

Оваа водечка иницијатива на претседателството за борба против корупцијата во регионот на ЈИЕ има за цел да придобие широка политичка поддршка од земјите во овој регион за зајакнување на нивните напори за развивање и спроведување на посилни политики и практики за справување со корупцијата.

Османи потсети дека борбата против корупцијата претставува клучен приоритет за нашиот регион и е од критична важност за напредокот на целиот регион на ЈИЕ, но е и на врвот на листата приоритети на Претседателството со ОБСЕ.

Во оваа насока, тој рече дека ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува властите за ефективно спроведување на постоечките антикорупциски закони и регулативи и ќе продолжи да посветува значителни напори на оваа работа во иднина за целиот регион.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе