Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија ја потресе Македонија: Загина младо момче, тешко повредени две млади девојки, од кои една малолетничка откако со опел корса излетале на автопат

На 10.05.2023 околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија и ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес

ДЕСК