Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка близу Делчево меѓу два камиони, има повредени

На 09.05.2023 во 14.47 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, атар на с.Очипала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(22) од с.Студеничани, скопско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(64) од Македонска Каменица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.И., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Зголемување на платите во Државниот архив: Потпишан нов колективен договор

ДЕСК

Потпишан Меморандум за соработка за дигитално поврзување помеѓу Управниот суд, јавните органи и Вишиот управен суд преку софтверската платформа-ЕПУС

ДЕСК

Филипче: Мицкоски клечеше лажејќи дека ќе го промени името, сега Македонија е на колена!

ДЕСК