16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Битиќи и посака добредојде на новата германска Амбасадорка во Северна Македонија, Петра Дрекслер

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новата амбасадорка на Сојузна Република Германија, г-ѓа Петра Дрекслер.

Вицепремиерот Битиќи и посака добредојде на новата амбасадорка посакувајќи и успех во работата и продолжување на плодната соработка особено од фактот што повеќе од 200 компании со германски капитал работат во Северна Македонија, кои вработуваат околу 20.000 луѓе што ги прави германиските инвеститори да бидат многу значајни за нашата економија.

Имено Германија е наш најголем трговски партнер, со ниво на трговска размена од над 5 милијади евра на стоки и услуги.

Амбасадорката Дрекслер од нејзина страна посочи дека се радува на можноста преку нејзиниот ангажман да влијае на продлабочување на економската соработка, но и на соработката во сите области кои се од взаемен интерес на Германија и Северна Македонија, со посебен акцент во енергетиката, инфраструктурата и инвестициите во преработувачкиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК