25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Мојот збор за вас денес е ПОБЕДА! Победа на доброто пред злото! Победа на сигурноста пред ризикот! Победа на полициските служби над криминалот!

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Денес е 9 мај, денот на Победата и Денот на Европа. Случајно или намерно, токму на овој датум ја организираме оваа вечера. Токму денес сме собрани заедно на европско тло, на европска конференција на меѓународната криминалистичка организација. Мојот збор за вас денес е ПОБЕДА! Победа на доброто пред злото! Победа на сигурноста пред ризикот! Победа на полициските служби над криминалот!

Ја кревам оваа чаша во знак на Победата на заедништвото пред индивидуалното! Победата на сплотеноста над поделеностаа! Заедно сме посилни, отсекогаш било и ќе биде! На здравје! Дојдете ни повторно како колеги, како пријатели, како секогаш драги гости!