14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нови случаи на искасани од кучиња скитници

На 09.05.2023 во СВР Битола, А.Б. од Битола пријавил дека во двор на средно училиште во Битола неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 08.05.2023 во СВР Битола, Ф.Р.(40) од Битола пријавил дека на ул.„Цар Самоил“ во Битола неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 08.05.2023 во СВР Битола, Ф.Б.(67) од Битола пријавил дека во населба Карпош во Битола бил каснат од куче скитник.

На 08.05.2023 во 13.30 часот во СВР Тетово, З.Б.(51) од Гостивар пријавил дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 08.05.2023 во 13.40 часот во Полициската станица Чаир, М.А.(44) од Скопје пријавил дека во близина на основно училиште на подрачјето на Чаир неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 08.05.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Чаир, С.Ш.(70) од Скопје пријавила дека во кругот на Градските гробишта Бутел била касната од куче скитник.

На 08.05.2023 во 09.45 часот, Е.Х.(33) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, В.И.(52) од Кичево пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник.