22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи: Oтсега па натаму ниту еден наш сограѓанин нема повеќе да плаќа договорна или казнена камата за негови доспеани долгови која ќе биде во износ поголем од главнината на вкупниот износ на долгот

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи:

Со предлог измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, отсега па натаму ниту еден наш сограѓанин нема повеќе да биде доведен во ситуација:

– да плаќа договорна или казнена камата за негови доспеани долгови која ќе биде во износ поголем од главнината на вкупниот износ на долгот. Со новите законски измени договорната или казнената камата може да биде засметувана се до моментот додека истата го достигне износот на главнината на долгот.

– да плаќа долгови кои се со период на доспевање подолг од 5 (пет) години, со што се скратува рокот кој во претходното законско решение беше дефиниран на период од 10 (десет) години

Ова е уште еден чекор кој оваа владејачка гарнитура го презема во насока на праведност и правичност, и со кој ќе се скрати самоволието на компании и поединци кои со години наназад правеа екстра приход и профит на грбот на обичниот граѓанин.

Со ова исполнуваме уште еден дел од програмата со што нудиме заштита и правичност за граѓаните.

Спонзорирано: