16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Златен медал во рацете на Лео Нелоски од Македонија, победник на меѓународниот натпревар во Босна

Македонија има со што да се гордее, талентирани деца кои неуморно ги нижат своите успеси. Денес убавите вести ни доаѓаат од Босна.

Деветтооделенецот Лео Нелоски од ООУ „Григор Прличев“ од Охрид го освои првото место на меѓународниот натпреват кој се одржуваше деновиве во Босна, дознава powerinfo.mk

Лео деновиве зема учество на натпревар за Народна техника на преродбеници на Македонија, каде го освои првото место. Лео го освои златниот медал во конкуренција со околу 450 учесници. На натпреварот Лео одговараше усно пред повеќечлената комисија, пред кој ги освои сите поени. Лео сѐ уште се наоѓа во Босна и по неговото пристигнување ги очекуваме неговите импресии.

Имено, Лео е исклучително талентиран ученик и ова е само едно продолжение на успесите кои неуморно ги нижи.

Новинар: Елена Ристеска

извор: Powerinfo.mk

Спонзорирано: