Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови апсења на неколку локации низ Македонија

На 03.05.2023 во 12.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.05.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.З.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.05.2023 во 09.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Г.(63) од Република Турција затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило со полуприколка кое го управувал. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Распишете референдум, граѓаните да одлучат за иднината на земјата

ДЕСК

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

ДЕСК

СДСМ: Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда

ДЕСК