Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ќе се затвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, газдарицата не сакала да го продолжи договорот за наем

Ќе се затвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во бугарскиот град Благоевград. Клубот кој беше отворен пред шест месеци, по отворањето на слични бугарски клубови во Македонија, се затвора, соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков на социјалните мрежи.

„Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов (околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“) и Атанас Мазнев (претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО ИЛИНДЕН – ПИРИН) добивме информација дека по шест месеци, клубот „Никола Вапцаров“ ќе биде затворен.

„Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија (наем) за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата“, објави Кирјаков на Фејсбук.

„Иако замислата беше Клубот да биде гнездо за сите Македонци, членови на ОМО „Илинден“, не беа допуштени во Клубот. Од раководството на Клубот сакаа мито по 150 лева (75 евра ) на месец како кирија од членовите на ОМО „ИЛИНДЕН“, иако целиот наем за Клубот беше платен од македонската дијаспора“, напиша Кирјаков.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК