18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дали според Мицкоски и Вучиќ е корумпиран?

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски води хајка против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на конзорциум Бехтел – Енка, кој во соседна Србија гради патишта врз основа на истиот договор како кај нас.

Kакво мислење има Мицкоски за вчерашниот настан на Вучиќ при пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија кој што е реализиран од страна на истиот конзорциум Бехтел – Енка како и во нашата земја, со истиот специјален закон како и кај нас и со ист договор како и нашиот?

Дали Мицкоски смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ е корумпиран од страна на Бехтел и Енка, САД и Турција?

Дали смета дека договорот е криминален?

Дали, според Мицкоски, Вучиќ згрешил?

Дали Мицкоски знае колку часови работат спрските граѓани на автопатиштата во Србија?

Дали опозицијата во Србија ги блокира законите?

Дали Мицкоски за време на неговите чести и интересни патувања во Белград како и средби со Вучиќ, меѓу другите активности во Белград, му ги кажал овие негови ставови и сомнежи?