Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетниците од Скопје кои силувале и снимале врсник завршија во станица сосе родители – случајот во рацете на Обвинителството

Со присуство на родителите, двајцата малолетници кои силуваа и снимаа врсник во Скопје завршија во полициска станица.

За случајот, известен е и Центарот за социјални работи, а ќе биде поднесена пријава до Обвинителството.

Хоророт во полицијата вчера го пријави мајката на жртвата. 39-годишната скопјанка кажала дека двете деца го силувале нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.

МВР по пријавата објави дека известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изминатиот период, МВР известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и за врсничко насилство.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК