13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија има три пати поскапа струја од државите во Европа, вели Мицкоски

При денешната посета на општина Василево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновите статистики на Еуростат за енергетика истакна дека бројките што Евростат ги објави се немилосрдни и за жал граѓаните во Македонија незнаење на власта го плаќаат многу скапо, граѓаните плаќаат една од трите или четири најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е на дното помеѓу трите најсиромашни држави во Европа.

„Сме го коментирале тоа многу пати во минатото, јас само тука би ја додал онаа парада што ја правеа во РЕК Битола пред неколку дена се сеќавате, за прв пат можеби и во светската политика, се доделуваа пофалници и благодарници поради завршена грејна сезона. Јас кога слушнав дека има некој настан во РЕК Битола помислив да не се отпочнува модернизација некој нов коп, Живојно, некоја нова технологија и така натаму, но тоа да било благодарници поради тоа што била завршена грејната сезона. Не можев помалку да се срамам од нивниот срам, еве бројките се немилосрдни, Еуростат ги објавува, за жал граѓаните во Македонија ова нивно незнаење го плаќаат многу скапо, односно граѓаните го плаќаат една од трите или четирите најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е пак на дното, помеѓу трите најсиромашни држави во Европа но плаќаме електрична енергија како трите најразвиени држави во Европа, вели Мицкоски.

Тој вели и дека со секој изминат ден сме поблиску до падот на оваа влада.

Спонзорирано: