Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Косовец и скопјанец се уапсени во близина на граница – при претрес им биле најдени производи без документација

Денеска (25.04.2023) околу 07.00 часот на место викано „Дупки“ во близина на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ц.Р.(47) од Република Косово и Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.

„При контрола во товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Ц.Р., каде сопатник бил Ј.П., биле пронајдени повеќе производи без соодветна документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРВЕН ПРЕДМЕТ НАПАДНАЛ 11-ГОДИШНО ДЕТЕ, СПОРЕД МВР – Кривична пријава против 63-годишник

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПЕХЧЕВО – 50-годишник приведен по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК

НАПАД СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ПО РАСПРАВИЈА ВО ТЕТОВО – Кривична пријава против 35-годишник

ДЕСК