Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со највисоки државни и воени почести Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана, Клаудија Танер

Со церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека австриската министерка за одбрана, Клаудија Танер, која е во официјална посета на Република Северна Македонија.

По пречекот, австриската министерка за одбрана, Клаудија Танер, се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, двете министерки одржаа тет-а-тет средба, по што почна и состанокот на двете делегации.

Тема на разговор на денешните делегации е одбранбената соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија и можностите за нејзиното продлабочување, прашањето за европската интеграција на Западен Балкан, како и актуелните безбедносни случувања и ситуација во регионот.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК