Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Мицкоски не учествува во ниту една државна одлука, треба да понесе одговорност

Дозволете ми да нотирам дека Христијан Мицкоски, деградира, навредува, омаловажува професори којшто ќе учествуваат во таа работна група, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција осврнувајќи се на работната група за уставни измени.

-Но јас би ја тргнала таа кривична одговорност која што е безпредметна значи токму кривичната одговорност за која што зборува Мицкоски е безпредметна и би скала да прашам кога конечно Христијан Мицкоски ќе понесе морална одговорност затоа што не учествува во ниту еден процес кој ја носи државата напред. Не учествуваа и не аплаудираа и не го поздравија членството на земјата во НАТО. Гледавме како воопшто не гласаа за европскиот предлог со којшто ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ, рече таа.

Прашањето е кога Христијан Мицкоски пред да зборува за било каква одговорност ќе понесе тој морална одговорност што никако не учествува во реализација на стратешките цели којшто и се потребни на државата за напредок и на граѓаните којшто живеат во неа, додаде Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК