Centar.mk
ЛОКАЛНО

СДСМ: Случајот со парцелите во Лисиче покажа дека Муцунски е ист како Арсовска

Случајот „Парцели во Лисиче“ покажа дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски е ист како скопската градоначалничка Данела Арсовска, едно зборува пред избори, а друго прави кога е на власт, обвини СДСМ.

„Муцунски пред изборите ветуваше зеленило, стоп на бетонизација, паркови, бришење маркици, а како градоначалник го прави спотивното – бетонизација, парцели за згради, уништување на зеленило. И Муцунски исто како Арсовска, троши стотици илјади евра за вработување на партиски кадри, додека со пет милиони евра сака да ја задолжи општина Аеродром, една од најбогатите општини во државата“ велат од партијата.

Додаваат дека Муцунски исто како Арсовска за една и пол година не реализирал ниту еден свој проект. Како Арсовска што ги разочара скопјани, Муцунски ги разочара граѓаните на општина Аеродром, порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Завршени анализите на водата за пиење, познати резултатите

ДЕСК

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите

ДЕСК