Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

На Италија ѝ недостигаат милион работници

Италија се соочува со голем недостиг на работна сила, ѝ недостигаат речиси милион работници во неколку економски сектори, рече министерката за труд, Марија Елвира Калдероне. Главниот проблем е што сè повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници за пополнување на овие позиции, рече Калдероне.

Владата работи на тоа компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешницата и утрешниот ден, нагласи таа. Ова особено се однесува на еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата, додаде Калдероне, истакнувајќи дека главната цел е да се вработи секој граѓанин на Италија.

Недостигот од работна сила е особено изразен во туризмот, велат од здружението „Асотуризам конфесерценти“. Од угостителството се жалат на слабиот одѕив на понудите, но и на неквалификациите на кандидатите за работа. Земјоделството во летните месеци и сезоната на жетва има потреба од најмалку сто илјади работници, соопштија од земјоделското здружение.

Нагласија дека итно им се потребни трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Тие бараат и квалификувани работници во дигиталниот сектор, како земјоделски техничари, кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ-алатки.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при… Повеќе