16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за серискиот разбојник од Битола

Триесетдневен притвор за сериски разбојник во Битола.

Тој маскиран влегол и ограбил аптеки и обложувалница во Битола.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против разбојникот за три кривични дела – Разбојништво.

„Осомничениот, на 11.04.2022 година маскиран влегол во аптека на улицата „Солунска“ и на вработената и се заканил со пиштол, туркајќи ја кон магацинскиот простор. Одзел 40.500 денари спакувани во три книжни ќеси и избегал.

На 16.05.2022 година осомничениот повторно маскиран влегол во обложувалница на улицата „Филип Втори Македонски“ и се упатил кон пултот за наплата. На вработената и се заканил со нож, директно насочувајќи го кон неа и принудувајќи ја да му даде 207.000 денари и 200 евра.

При последниот настан, на 18.04.2023 година, осомничениот маскиран се заканил со нож на вработена во аптека на улицата „Димитар Илиевски – Мурато“. Ја натерал да му го отвори сефот и ги одзел хартиените пликови внатре, сметајќи дека одзел пари. Всушност, во пликовите имало сметки и други документи. Осомничениот ја натерал оштетената да влезе во тоалетот, ја затворил внатре и избегал“ соопшти обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

ДЕСК

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.