Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата фати битолчанец, кој ограбил аптеки и обложувачница

Полицијата го приведе Н.Д.(43) од Битола поради сомнение дека ограбил две аптеки и една обложувалница на подрачјето на Битола.

Имено, на 11 април минатата година пријавениот во аптека на улицата Солунска во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.

На 16 мај минатата година, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.

На 18 април годинава , Н.Д. од аптека на улицата Димитар Илиевски Мурато, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.

Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК